Spletna poslovalnica

КД БРИК, акциски фонд

Брзорастечки економии

Зoшто КД БРИК?

Зборчето БРИК е акроним кој доби широка употреба кога станува збор за најбрзо растечките економии во светот - Бразил, Русија Индија и Кина.
Мотив за вложување во фондот КД БРИК е политиката на инвестирање на најголем дел од средствата во хартии од вредност на издавачи од Кина (растечка економска велесила), Индија (огромен потенцијал на образована и квалификувана работна сила), Бразил (силна економија, богатство на природни ресурси) и Русија (едно од најголемите светски наоѓалишта на нафта и природен гас).
Силниот економски развој и брзиот раст на животниот стандард се меѓу причините за позитивните перспективи на овој регион. 

Дали сте знаеле?

БРИК земјите се истовремено и најбрзорастечките и најнаселените светски економии. Во нив живеат околу 3 милијарди луѓе или речиси половина од вкупната популација во светот. Териториите на овие држави заземаат 25% од вкупната земјина површина. Прогнозите се во блиска иднина Кина и Индија да станат доминантни добавувачи на стоки и услуги, додека Бразил и Русија најголеми снабдувачи со суровини. Потрошувачката која ја генерира многубројното население е основа за позитивен тренд на долгорочен период и на пазарот на капитал. 

Дали КД БРИК е Вашата приказна?

Можете ли да ја замислите БРИК заедницата како економска велесила која постојано го трансформира светот кој денес го познаваме? Фондот КД БРИК е за вложувачи кои:
  • Оптимистички гледаат на идниот развој, односно економски раст во земјите БРИК, како и на развојот на глобалниот пазар на капитал;
  • Сакаат да ги диверзифицираат слободните парични средства преку вложување во фондови (акции, обврзници и други финансиски инструменти) и се спремни да преземат определен ризик, со цел на долг рок да постигнат повисок принос во однос на конвенционалното штедење; 
  • Се свесни за квалитетот во работењето на КД Фондови АД Скопје и имаат доверба во неговата инвестициска политика.

ЗА ДРУШТВОТО
КАТАЛОГ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24