Spletna poslovalnica

КД НОВА ЕУ, акциски фонд

Атрактивна среднорочна перспектива

Зошто КД Нова ЕУ?

Мотив за вложување во фондот КД Нова ЕУ е политиката на инвестирање на најголем дел од средствата во хартии од вредност на издавачи од државите кои се нови или потенцијални членки на Eвропската Унија од регионот на Југоисточна Европа, вклучително и Македонија.
Ние веруваме дека овој регион има потенцијал за раст, поради фактот што цените на акциите на берзите на Балканот се привлечни, додека пак студиите за трендовите на закрепнување на економиите говорат во прилог на предвидувањата дека овој дел од Европа на среден рок има добра перспектива.

Дали сте знаеле?

Вредноста на средствата кои ги имааат на управување приватните пензиски фондови во Романија и Хрватска има достигнато завидно ниво, а истите редовно се дополнуваат со месечните приливи од уплатените придонеси. Дел од тие средства се инвестираат на регионалните берзи, што генерира стабилна побарувачка. За очекување е во иднина и македонските пензиски фондови да вложуваат поголем дел од средствата во акции од македонски и регионални компании.

Дали КД Нова ЕУ е Вашата приказна?

Овие пазари припаѓаат кон групата млади или т.н. „гранични“ пазари за кои се карактеристични големи осцилации на краткорочен период. Дел од државите се веќе членки на Европската Унија и еврозоната, други пак се подготвуваат или се на пат да се приклучат кон заедничката валута - еврото. Во КД Групацијата на оваа транзиција гледаме како на исклучителна можност за вложувачите. Проверете зошто причините за вложување во компании од Балканот денес се посилни од било кога. Фондот КД Нова ЕУ е за вложувачи кои:  
  • Оптимистички гледаат на идниот развој, односно економски раст на Балканскиот и Европскиот пазар на капитал; 
  • Сакаат да ги диверзифицираат слободните парични средства преку вложување во фондови (акции, обврзници и други финансиски инструменти) и се спремни да преземат определен ризик, со цел на долг рок да постигнат повисок принос во однос на конвенционалното штедење, на пр. банкарскиот депозит.  
  • Се свесни за квалитетот во работењето и имаат доверба во инвестициската политика на Друштвото.

ЗА ДРУШТВОТО
КАТАЛОГ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24