Spletna poslovalnica

КД КЕШ ДЕПОЗИТ, паричен фонд

Сигурност, достапност, додадена вредност

Зошто КД КЕШ ДЕПОЗИТ?

КЕШ = ДОСТАПНОСТ
ДЕПОЗИТ = ДОБИВКА и СИГУРНОСТ

Паричниот фонд КД КЕШ ДЕПОЗИТ служи за тековно вложување, без орочување на парите. Неговите главни предности се сигурноста на влогот, високата стапка на принос за депозит по видување и можноста за располагање со парите во секое време. Вложените средства се распоредуваат во различни домашни банки, со што се подигнува квалитетот и сигурноста на влогот. Од гледна точка на сигурноста на вложените средства, важно е да се напомене дека Комерцијална банка АД Скопје, како депозитарната банка на овој фонд, претставува гарант за неговиот имот и правата кои произлегуваат од тој имот. 

Како функционира?

КД КЕШ ДЕПОЗИТ најмногу наликува на отворен депозит т.е. депозит по видување. Од друга страна, со неговото користење добивате атрактивна стапка на принос како за орочен депозит. Повеќе немате потреба да орочувате пари на неколку месеци или година дена за да добиете повисока камата. Овој фонд остварува постојан принос кој се пресметува и припишува на дневно ниво, со што износот на Вашите пари секојдневно се зголемува.


Дали КД КЕШ ДЕПОЗИТ е твојот депозит?

Паричниот фонд е наменет за фирми и физички лица кои сакаат сигурно вложување и атрактивен принос без орочување на парите. Со други зборови, КД КЕШ ДЕПОЗИТ е финансиски производ кој е наменет за клиенти кои се незадоволни од ниската камата по видување, а сепак сакаат парите да им се на дофат на рака. Депонираните средства може да се повлечат по потреба во секое време, оплодени со принос за реалниот број денови колку што биле во фондот.
 
ЗА ДРУШТВОТО
КАТАЛОГ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24