Spletna poslovalnica

Инвестициски калкулатор

Упатство за користење на калкулаторот:

Внесете ги вредностите во обележаните полиња или пак со помош на глувчето позиционирајте ги сините стрелки на посакуваните вредности. Доколку сината стрелка сте ја повлекле до крајот на скалата и сакате да Ви се отвори нова скала со повисоки вредности, кликнете еднаш на портокаловата стрелка.

На основа на вредностите кои ги имате внесено, инвестицискиот калкулатор изготвува пресметка. Во делот за уплатите можете да пресметате колку вкупно средства би имале на крајот од периодот на вложувањето, во зависност од избраниот начин на вложување, предвидениот период за вложување и очекуваниот годишен принос. Во делот пак за исплатите можете да пресметате колку би изнесувала Вашата месечна рента доколку се одлучите средствата од фондот да ги повлекувате постепено.

Имајте предвид дека пресметките на калкулаторот се примерни, односно се изработени на основа на вредностите кои ги имате внесено. Приносот од вложувањето во инвестициски фонд не е гарантиран и зависи од движењето на вредноста на уделот на соодветниот фонд, како и од начинот и времетраењето на вложувањето. Остварените приноси во минатото, исто така се од информативен карактер и не претставуваат индикација за можните приноси во иднина.


ЗА ДРУШТВОТО
КАТАЛОГ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24