Spletna poslovalnica

КД ТОП БРЕНДОВИ, акциски фонд

Blue Chips

Зошто КД ТОП БРЕНДОВИ?

Идејата е да ги погледнеме од поинаков агол големите светски играчи, чиишто производи и услуги на сите ни се добро познати од секојдневниот живот (Coca Cola, Apple, Google, Nike, BMW, McDonald's, Microsoft, Visa итн.). Зошто да им бидеме само клиенти, ако можеме да поседуваме и дел од нивниот бизнис?

Овие моќни трговски марки во суштина се големи мултинационални компании, со доминантно пазарно учество во своите индустрии и изградени врвни бизнис модели, кои содржат јасна стратегија за развој, пропратена со високо ниво на ликвидност и потенцијал за долгорочен раст. Не ја пропуштајте оваа уникатна можност да зграбите дел од заработката на Вашите омилени брендови, вложувајќи во фондот КД ТОП БРЕНДОВИ.

Дали сте знаеле?
 
Согледано на долгорочен период, „ТОП БРЕНДОВИТЕ“ имаат стабилен или забрзан раст на приходите од дејноста и соодветно на тоа и повисока реализирана добивка. Овие компании и во услови на криза остваруваат натпросечни приноси. Критериумот по кој се водиме кога ги одбираме за нашиот фонд е најмалку десетгодишна историја на константен или растечки тренд на исплата на дивиденда.

На пример, компанијата Coca Cola исплаќа дивиденда уште од далечната 1920 година, а исплатениот износ константно го зголемува во последните 50 години.

Дали КД ТОП БРЕНДОВИ е Вашата приказна? 

Фондот КД ТОП БРЕНДОВИ е за вложувачи кои:
  • Оптимистички гледаат на идниот развој на големите глобални компании т.н. „Сини чипови“ или „Дивидендни шампиони“, кои дури и во кризни периоди обезбедуваат натпросечни приноси;
  • Сакаат да пласираат дел од своите парични средства во инвестициски фондови и се подготвени да преземат определен ризик, со цел на долг рок да постигнат повисока добивка во однос на конвенционалниот начин на штедење, на пр. банкарскиот депозит; 
  • Сакаат да го намалат пазарниот ризик од купување на акции (вложување на берза) во погрешно време;
  • Се свесни за квалитетот во работењето и имаат доверба во инвестициската политика на нашето друштво.







ЗА ДРУШТВОТО
КАТАЛОГ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24