Spletna poslovalnica

Предговор

Дали некогаш сте се запрашале, како богатите луѓе го стекнале своето богатство и како понатаму истото го одржуваат и зголемуваат? Дали сте сонувале да се пензионирате порано (или да имате солидни приходи по пензионирањето воопшто)? Дали сте свесни дека неминовно треба да ги вложувате заштедените пари, но не знаете како да започнете?
Доколку одговоривте со “да” на барем едно од горенаведените прашања, Вие сте на вистинското место. Низ оваа наша рубрика од едукативен карактер ќе се потрудиме да ја покриеме темата „Како да се научиме да вложуваме?“, почнувајќи од основните поими, па сè до практичните методи за успешно вложување. Светот на финансиите знае да биде застрашувачки и одбивен, но ние сме цврсто уверени дека пазарот на капитал, како и концептот на управување со парите во поширока смисла нема да Ви изгледаат толку компликувано, штом еднаш ги совладате основните поими и употребуваниот жаргон.

За почеток, должни сме да нагласиме дека вложувањето во никој случај не претставува шема за брзо богатење. Преземањето на контрола над личните финансии изискува постојано учење и дисциплиниран пристап. Меѓутоа, како награда за сето тоа, постигнатите резултати повеќекратно ќе го надминат вложениот труд. За разлика од некои други животни аспекти, не смеете да си дозволите маалските фраери да бидат Вашите финансиски советници. На крајот на краиштата, Вие самите треба да разберете како да управувате со сопствените пари.

Без оглед на Вашиот карактер, професија или животен стил, оваа рубрика ќе Ви помогне да ја осознаете суштината на вложувањето, што тоа може да претставува за Вас и како всушност парите се генерираат низ времето, преку ефектот на сложено вкаматување (или популарно наречен камата на камата). И не само тоа. Оваа рубрика ќе Ве подучи како да ги надградите Вашите заштеди, ќе Ви даде претстава за одредени техники и стратегии, а пред сè, ќе Ви помогне самите да сфатите, каков приод кон вложувањето најмногу Ви одговара.

За крај уште нешто: Запомнете, не постојат “глупави” прашања. Во случај да Ви се јават какви било нејаснотии додека ги читате нашите едукативни написи, ќе ни биде особено драго да ни се обратите за консултации.

Ви посакуваме пријатно читање!

КД Фондови
Повеќе од штедење

ЗА ДРУШТВОТО
КАТАЛОГ
ЕДУКАЦИЈА
НОВОСТИ
КАЛКУЛАТОР
Регистрација за е-весник
Brezplačni telefon 080 80 24