| Кажете и „да“ на финансиската писменост |
|
|
|
|
Дали знаете до каде сте на патот кон реализација на Вашите финансиски цели? Имате ли визија каде би сакале да бидете или како да стигнете таму? Се работи за Вашиот живот и каков сакате тој да биде. Започнете со посета на ексклузивниот настан „Бизнис на 21-ви век“. Ќе дознаете како можеме да Ви помогнеме да сфатите што се случува на финансиски план во Вашиот живот, што Ве очекува во годините кои доаѓаат, како да испланирате финансиски сигурна иднина и кои се можните предизвици кои Ви стојат на патот. Искористете ја моќта на синергијата Со Синергија Плус – Агенција за финансиска писменост како овластен претставник за воспоставување и одржување на контакти со вложувачи во КД Фондовите, нашите заеднички сили и ресурси ни даваат поголема флексибилност во мисијата да Ви бидеме од корист при реализацијата на Вашите финансиски цели. Разберете го процесот на согледување на целосната финансиска слика, со посета на нашиот план на обуки, кој вклучува анализи за паричниот тек, сите форми на имот, заштеди и долгувања, како и информации за начинот како да креирате инвестициска стратегија денес која ќе Ви помогне да се чувствувате удобно и самоуверено за иднината. Планот на обуки Ви отвора можност за креирање на алтернативен извор на приходи. Научете како да заработувате, помагајќи им на другите на патот кон финансиски сигурна иднина. За детални информации во врска со посета на ексклузивниот настан „Бизнис на 21-ви век“, испратете е-маил со контакт податоци на: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите |




