|
За групацијата KD Group
Групацијата KD Group спаѓа меѓу најголемите бизнис групации во Словенија и се развива во една од поголемите групации на подрачјето на Средна и Југоисточна Европа.
Главните дејности на Групацијата се во следниве области:
Традиција во управувањето со инвестициски фондови: Друштвото за управување со инвестициски фондови KD Skladi Ljubljana, членка на Групацијата KD Group и основач и доминантен сопственик на КД Фондови АД Скопје е едно од водечките друштва за управување во Словенија. KD Skladi го управува најстариот словенечки инвестициски фонд KD Galileo (основан на 01.01.1992 г.) и три години по ред – 2008, 2009, 2010 е добитник на признанието Trusted Brand во категоријата „Друштва за управување и инвестициски фондови“, кое го доделува списанието Reader’s digest на основа на оценките на потрошувачите, согласно критериумите: квалитет и лично клиентско искуство со производот. |
|
|
|
|